Уапсен е 64-годишен кичевец, кај него се пронајдени повеќе пакувања марихуана

by Fokus

МВР информира дека доцна синоќа во 23.40 часот во Кичево, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи при ОВР Кичево го лишиле од слобода С.З.(64) од Кичево.

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени повеќе пакувања и неколку тегли со марихуана, дигитална вага и други предмети со остатоци од марихуана.

Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

Поврзани новости