Уапсен е 47-годишник од Пробиштип, сопругата пријавила дека ја силувал

by Fokus

МВР информира дека е приведен 47-годишен маж од Пробиштип, кој си ја силувал сопругата.

„На 13.11.2023 во Пробиштип, полициски службеници од ОВР Пробиштип лишиле од слобода 47-годишен маж од Пробиштип, постапувајќи по пријава дека извршил обљуба врз неговата 38-годишна сопруга. За настанот бил известен јавен обвинител и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава“ – информираат од МВР.

Поврзани новости