Уапсен е 35-годишник за предизвикување паника во Белград и Крагуевац

by Fokus

Маж пријавил дека била фрлена бомба на автобуската станица во Белград, а потоа дека била поставена бомба и пред градското собрание во Крагуевац.

Полицијата го уапси З.В.(35) поради сомнение дека сторил кривично дело предизвикување паника и неред, соопшти вечерва српското МВР.

Тој е осомничен дека на 7 мај годинава се јавил во итната помош во Белград и лажно пријавил дека е фрлена бомба на автобуската станица во Белград, а потоа и во итната служба во Крагуевац, на која, пак, пријавил дека има бомба сместена во контејнер, во близина на зградата на Собранието во Крагуевац.

На осомничениот му е одредена мерка притвор до 48 часа и со кривична пријава ќе биде изведен во Обвинителство.

 

Поврзани новости