127
МВР информира дека денеска во 03.50 часот полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода А.Н.(30) од с. Цветово – Скопско поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вонбрачен живот со малолетно лице“.
По насоки од Јавен обвинител, од полициски службеници од Одделението за криминалистички работи Аеродром и Драчево била известена Јавната установа – Меѓуопштински центар за социјална работа Скопје и заедно со претставници од установата од с.Цветово, била донесена малолетничката во Полициската станица Драчево.
- Advertisements -

Извршен бил разговор со неа во присуство на претставници од ЈУМЦСР.
По целосно документирање на случајот против А.Н. ќе следува кривична пријава.