Денеска околу 11 часот на автопатот „Пријателство“, во близина на Гевгелија, полициски службеници го лишиле од слобода Ќ.Ш. (24) од с. Студеничани, Скопско, поради тоа што во неговото патничко моторно возило „порше“ со скопски регистерски таблички превезувал шест лица – мигранти од Кина.
На даден знак за запирање од полициските службеници, Ќ.Ш. не го запрел возилото и продолжил со движење, по што изгубил контрола и удрил во канделабра, во близина на бензинска станица.
Во возилото се пронајдени шест лица од Кина, а двајца од нив биле пренесени во болницата во Гевгелија за укажување лекарска помош.
Поради постоење на основи на сомневање дека Ќ.Ш. сторил кривично дело „криумчарење на мигранти“ по чл.418-б ст.2 од КЗ, тој е лишен од слобода, известен е јавен обвинител од ОЈО за ГОКК Скопје, по чии насоки ќе биде поднесена кривична пријава.