Уапсен е 24-годишник, обљубил малолетничка од валандовско село

by Fokus

МВР информира дека вчера попладне во 14 часот во радовишкото село Прналија, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Радовиш го лишиле од слобода М.Е.(24) од село Прналија.

Тој се сомничи дека во средата во Валандовско извршил обљуба врз малолетничка од валандовско село.

Лицето било задржано во полициска станица, за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија и по документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Поврзани новости