378
Полицијата вчера уапсила дрвокрадец кој во атарот на село Елово кај Драчево вршел бесправна сеча на дрва, соопшти Министерството за внатрешни работи.
„Вчера во 15.15 часот во населба Драчево во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Драчево го лишиле од слобода И.Ш.(29) од с.Елово, скопско. Околу 11.00 часот во атар на с.Елово тој бил затекнат при сеча на огревно дрво со моторна пила, а откако ги забележал полициските службеници побегнал. Дрвата и пилата биле одземени и предадени на Шумска полиција, а по преземени мерки И.Ш. бил пронајден и лишен од слобода“, соопшти МВР.
Од полицијата велат дека по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.