Доктор од Гостивар е лишен од слобода, откако изготвил и наплатил два лажни ПЦР тестови, објави МВР. Истиот добил и кривична пријава, а откако бил задржан во полициска станица, ќе биде изведен пред Јавен обвинител.
-Е. М. на 7 и 9 март, како лекар во гостиварската општа болница „Ферид Мурад“ на две лица им изготвил лажни негативни „ПЦР-тестови“, кои инаку биле потребни за патување во странство. За тоа им наплатил 3.000, односно 1.500 денари или вкупно 4500 денари.
Одделение за внатрешни работи Гостивар до Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе кривична пријава против Е.М.(45) од гостиварско Чегране. За него полицијата има основи на сомнение дека сторил кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“, казниво по член 353 од Кривичниот законик“, соопшти полицијата.