786
Против 26-годишен прилепчанец со иницијали Б.Д. е поднесена кривична пријава за производство и продажба на метамфетамин, соопштија од полицијата.
„Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп поднесе кривична пријава против Б.Д.(26) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 11.07.2018 во Прилеп полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што пронашле и одзеле метамфетамин“, информираа од МВР.