799
Генералната дирекција за борба против организиран криминал приведе 24-годишник кој на Фејсбук напиша коментари за несреќата на автопатот „Струма“ на автобусот „Беса Транс“.
Тој бил уапсен поради напишани несоодветни коментари со моралните и етичките норми. Може да му се суди според чл. 162 од Кривичниот законик за пропагирање омраза врз основа на националност преку социјални мрежи.
Најверојатно станува збор за постот што се вртеше низ Македонија и предизвика згрозување бидејќи во него несреќата беше наречена „нова македонска скара“ на која жртвите биле препечени, но останува надежта дека „настанот ќе се повтори“.