496
На ул.„Христо Татарчев“ во Скопје, утрово во 03.00 часот полициски службеници од Единицата за внатрешни работи – Одделение за криминалистички работи Аеродром и Драчево го лишиле од слобода М.Д.(52) од Скопје.
Тој бил баран со централна потерница од Основен кривичен суд Скопје за издржување затворска казна, информираа од МВР.
Лицето ќе биде спроведено во надлежната казнено-поправна установа за издржување на казната.