539
Единицата за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Скопје поднесе кривична пријава против Џ.Н.(29) од скопското село Арачиново, осомничен дека сторил кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“.
На 18 октомври 2019, врз основа на судска наредба, соопшти денеска МВР, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија извршиле претрес на домот на Џ.Н. во село Арачиново, при што била пронајдена и одземена една рачна бомба „Ф1“ со каписла, по што Џ.Н. бил лишен од слобода.