Уапсен Албанец поради марихуана пронајдена кај ГП „Ќафасан“ во 2018 година

by fokus

Одделот за криминалистичка полиција – Единица за недозволена трговија со дрога во соработка со Регионалниот центар за гранични работи Запад поднесе кривична пријава против Е.Ј.(30) од Република Албанија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

По преземени мерки, Одделот за криминалистичка полиција – Единица за недозволена трговија со дрога во соработка со РЦ Запад обезбеди материјални докази и констатираше дека пријавениот е инволвиран во случајот на пронајдени 45 килограми марихуана во две торби во близина на Граничниот премин „Ќафасан“ на 11.11.2018 година.

На 26.02.2020 на Граничниот премин „Свети Наум“, Е.Ј. бил лишен од слобода и задржан во полициска станица. Од страна на судија на претходна постапка при Основен суд Струга на пријавениот му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.

 

Поврзани новости