497
Родители во полиција пријавиле сосед дека ја допирал нивната ќерка по што пријавениот е лишен од слобода. Настанот се случил вчера околу 20 часот.
-Вчеравечер во 22.10 часот на ул.„Тодор Циповски-Мерџан“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода И.К.(69) од Тетово, затоа што околу 19.45 часот допирал по телото малолетничка од Тетово, негова сосетка. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во координација со Јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Тетово.