Уапсен 63-годишен маж, снимал голи деца со својот телефон на плажа

by Fokus

Хрватската полиција приведе австриски државјанин во Ровињ, кој со мобилен телефон фотографираше голи деца на плажа. Против уапсениот е поднесена кривична пријава за искористување деца за порнографија, соопшти денеска истарската полиција.

Од полицијата велат дека 63-годишниот маж со својот мобилен телефон снимаше голи деца на плажа, а кога му пријде член на обезбедувањето, сега осомничениот почна да бега.

Обезбедувањето на кампот набрзо го запре бегалецот и го задржа додека не дојде полицијата која го уапси и го однесе во полициска станица.

Во инцидентот осомничениот е полесно повреден.

Поврзани новости