390
Вчера попладне бил уапсен 34-годишен маж од Баница, осомничен дека го прегазил четиригодишното дете во Струмица на 28 април.
„На 29.04.2020 година во 15.00 часот во Полициска станица Струмица е лишен од слобода Т.М. (34) од село Баница, осомничен дека го управувал патничкото возило „форд ескорт“, со скопски регистарски ознаки, кое на 28.04.2020 година на ул.„Никола Тесла“ во Струмица удрило во четиригодишен пешак, кој се здоби со тешки телесни повреди“, соопштија од МВР.