Уапсен 30-годишник со 10.000 парчиња пиротехника во автомобилот

by fokus

30-годишен жител на Дреновец со иницијали Д.А. бил уапсен вчера во Тетово на улицата „Маршал Тито“ откако полицијата во неговиот автомобил нашла над 10.000 парчиња пиротехника.

„На 27.12.2018 година во 14,15 часот во Тетово на ул.„Маршал Тито“ од слобода бил лишен  Д.А.(30) од н.Дреновец, бидејќи при прегледот во неговото возило „Мерцедес“ со тетовски регистерски таблици биле пронајдени и одземени 10.223 парчиња пиротехнички средства. По документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна кривична пријава“, велат од полицијата.

Поврзани новости