919
Полицијата попладнево соопшти дека е приведен 21-годишниот Муса Џавид од Батинци, баран за „убиство“. Тој пред месец дена избодел момче во Студеничани.
– По преземени опсежни мерки и активности на оперативниот тим за потраги при СВР Скопје, лицето е лоцирано и во координирана акција со повеќе тимови од Интервентната полиција буквално направиле опсада на Батинци и го уапсиле криминалецот, иако се обидел да бега, скокајќи од втори кат на куќа, информира полицијата.
Покрај него, приведен е и Р.Р (24) од Батинци. Кај М.Џ. е пронајден пиштол со рамка и девет куршуми, како и поголема количина пари, а кај Р.Р. пронајдени се 27 куршуми.
Неодамна, полицијата уапси уште еден криминалец од ова село познат како Мали Репки, кој бил ортак на Муса.