2
Дваесетгодишник од Кавадарци бил лишен од слобода откако полицијата при контрола кај него пронашла и одзела марихуана.
Според полициското соопштение, случајот се случил на 15 октомври 2026 година, во 23:45 часот, во Кавадарци. Полициски службеници од мобилниот тим „Task Force“ при ОВР Кавадарци го запреле С.Ј. (20), од градот, откако при извршениот преглед кај него била пронајдена марихуана.
Бил приведен во полициска станица, а за случајот бил известен јавен обвинител.
По целосното документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.