Уапсен 18 годишник од тетовско Радиовце за лажна дојава за бомба во гимназија во Тетово

by irena 14:51
14:51

МВР информира дека утринава полициски службеници извршиле претрес во дом и помошни простории кај А.Д.(18) во село Радиовце, тетовско.

Од полицијата велат дека причина за претресот во домот на тинејџерот е сомнение за сторено кривично дело по член 366 од Кривичниот законик – лажна дојава за бомба во гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово.

При претресот, пронајден и одземен е еден мобилен телефон, а А.Д. е уапсен и задржан во полициска станица за понатамошна постапка.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

Слични вести