2
МВР информира дека вчера попладне околу 17:35 часот во СВР Тетово е пријавено дека на бул. „Илинденска“ во Тетово, патничко возило „сузуки“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од 56-годишен тетовец, удри во 56-годишна жена од Тетово.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здоби жената, констатирани во Клиничка болница-Тетово.
Извршен е увид од увидна екипа на СВР Тетово.