1
МВР информира дека вчера попладне во 16:35 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул. „Јустинијан Први“ во Скопје, патничко возило „шкода“ со битолски регистарски ознаки, управувано од 44-годишниот Ј.И. од Крушево, удрило во 78-годишниот Б.С. од с. Студеничани, скопско.
Во несреќата со тешки телесно повреди се здобил пешакот, констатирани во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.