Тврдокорните побараа аболиција од Иванов

by fokus

Имајќи предвид дека сите се еднакви пред Уставот и законите, бараме во согласност со законот, да извршите аболиција на сите кои се во притвор, осудени и под истрага во врска со настаните во Собранието на 27 април годинава. Вакво барање потпишано од неколку македонски патриотски здруженија вчера беше испратено до кабинетот на претседателот на Македонија, Ѓорге Иванов.

„Република Македонија изврши амнестија на припадниците на терористичката организација ОНА за време на војната во 2001 година, кои, за жал, станаа дел од државната и локалната власт и администрација“, пишува во барањето.

Во барањето се вели дека за жал мирните протести на За заедничка Македонија на 27 април преминаа во насилни поради провокацијата од собраниската сала кога се испеала албанската химна.

Ова не е прво барање за аболиција од Тврдокорните до Иванов, но тој првиот пат одговори дека новото парламентарно мнозинство ако сака може да покаже добра волја на помирување.

 

Поврзани новости