505
Патриотското здружение „Тврдокорни“ и „Македонски Обединети Сили“ во вторник најавија протест пред Соборниот храм за одбрана на името „Македонија“, пишува на нивната официјална страна на фејсбук.
Протестот ќе почне во 17.30 часот. Поворката ќе се движи кон ЕУ Инфо центарот, а ќе заврши пред Парламентот.
„Браќа Македонци, чукна светиот час за одбрана на нашата татковина. Промената на името е крај за македонскиот народ! Промената на името е смрт и истребување за нашиот македонски народ! За мал народ како македонскиот, промената на името значи наше исчезнување како народ! Промената на името буквално значи културен холокауст и апокалипса за македонскиот народ“- пишува на Фејсбук.