„Tврдокорни” и „Македонија блокира“ напладне на протест пред Собрание: Или ќе не биде или ќе се избришеме како Македонци

by fokus

Здруженијата „Tврдокорни” и „Македонија блокира“ организираат протест кој ќе се одржи денеска пред Собранието, каде што треба да почне третата и последна фаза од уставните измени.

Почетокот на протестот е закажан за во 12 часот, а во најавите стои дека ќе трае до полноќ. Собраниската седница за уставните измени, пак, се очекува да трае до петок.

„ПРОТЕСТ, после кој се ќе биде поинаку…или ќе не биде или ќе се избришеме како МАКЕДОНЦИ!“, порачуваат од „Македонија блокира“.

Поврзани новости