Изминатиот период во Кривичен суд Скопје, се поднесени 105 писмени пријави за предјавување на оштетно побарување за случајот „Тврдина-Таргет“. Причините за ваквиот начин на предјавување на оштетно побарување произлезе од последната ситуација предизвикана од КОВИД-19, од кога се одложија неколку рочишта за случајот „Тврдина-Таргет“, односно за почитување на протоколите за заштита на сите граѓани кои влегуваат во судот од ширење на вирусот КОВИД-19 во време на пандемија.
Во својство на сведок на денешното рочиште за главниот предмет за масовното незаконско прислушување свој исказ даде лицето Марјан Младеновски, кој појасни дека меѓу 2008-2015 извршувал неколку задачи во МВР, меѓу кој и како командир ПС Ѓорче Петров.
– Сум бил незаконски прислушуван 150 дена. Кога извршував работни задачи како командир на ПС Ѓорче Петров, ми се случија многу неубави работи, пред тоа имав одлична соработка со раководството на МВР. Во август 2011 требаше да идам на одмор, не ми дадоа дозвола. Пробав да стапам во контакт со министерката Гордана Јанкуловска, преку началникот на СВР Скопје, но не успеав. Потоа и преку градоначалниците на Ѓ. Петров и Сарај, и сомнежот произлезе од кога ме контактираше еден од обезбедувањето на поранешниот премиер и ми се закани ако ја поднесам проблемската информација тебе и на твоето семејство не ви се пишува добро, ќе завршите во гепек, рече сведокот.
После неколку дена влезе полициски службеник и ми рече „ти уште си командир, а јас славам за твојата смена“, рече сведокот Младеновски, која најави оштетно побарување.
Слични проблеми сведокот Младеновски, рече дека имал и со еден член на обезбедувањето на тогашната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска.
Одбраната на обвинетите приговараше на овој исказ на сведок со образложение дека тоа што го кажа сведокот не е предмет на судење.