499
Судењето за случајот Тврдина 2 во кое обвинети се Горан Грујевски и уште шест вработени во УБК се одложи бидејќи судот се уште не добил известување од МВР дека Грујевски е во бегство, односно дека е недостапен за органите на прогонот.
Без ваквата потврда од МВР, СЈО не може да побара на поранешниот прв човек на Петта управа да му се суди во отсуство.Вакво барање до МВР на 19-ти испратиле и од СЈО, меѓутоа и тие не добиле одговор.
Наредното рочиште е закажано за 2 октомври кога се очекува четворица сведоци да дадат исказ.
Горан Грујевски веќе два ипол месеци е во бегство, а како што вчера истакна министерот Оливер Спасовски тие секојдневно добиваат нови сознанија за можната локација каде се крие.
В.В.