Твоја партија најостро се спротиставува на одземањето на власта од рацете на народните избраници и нејзиното префрлање во рацете на партискиот естаблишмент, реагираат денеска од Твоја партија.
-Твоја партија смета дека во ситуација на одложени избори треба да продолжи активното функционирање на Собранието (на начин најсоодветен на воспоставената вонредна состојба) и да не се дозволи неконтролирано владеење на извршната власт (согласно членовите 63, 125 и 126 од Уставот).
Твоја партија смета дека одбивањето на формалниот претседател на Собранието да свика седница на Собранието, претставува крешење на Уставот, деловникот на Собранието. Законот за Собранието и Законот за пратеници.
Твоја партија ги повикува пратениците да се вратат во пратеничките клупи и да изберат нов претседател на Собранието кој ќе обезбеди продолжување на работата на Собранието и негово одлучување за тоа дали треба да има и до кога треба да трае вонредната состојба во државата на начин утврден во Уставот на Република Северна Македонија, децидни се од Твоја партија.