Твитерџии го повикаа сопственикот на „Амазон“ да ја спаси Амазонија

by Fokus

Корисниците на социјалната мрежа Твитер го повикаа основачот на компанијата „Амазон“ и најбогат човек на светот Џеф Безос да помогне да се спаси прашумата Амазонија од пожарите.

Твитерџиите го повикуваат Безос и поради тоа што неговата фирма го носи името „Амазон“.

Тие сметаат дека Безос треба да го искористи своето влијание за помош на Амазонија каде што изминатите неколку недели избувнаа околу 10.000 пожари.

Според многумина, тоа може да биде и одличен маркетиншки потег за неговата компанија.

Безос досега не се огласи по повод пожарите во Амазонија.

Поврзани новости