Твитер забрани реклами спротивни со науката за климатските промени

by fokus

Твитер соопшти дека повеќе нема да дозволува огласувачи на својата платформа кои го негираат научниот став за климатските промени, следејќи ја политиката што ја воведе Гугл.

– Рекламите не треба да го одвлекуваат вниманието од важните разговори за климатската криза, соопшти компанијата, образложувајќи ја својата нова политика.

Не беше наведено дека оваа промена ќе влијае на содржината што корисниците ја објавуваат на оваа социјална мрежа, која заедно со Фејсбук е цел на групи кои се обидуваат да промовираат погрешни тврдења за климатските промени, пренесе Бета.

Објавата се совпадна со Денот на планетата Земја.

Твитер соопшти дека во наредните месеци ќе објави повеќе информации за тоа како планира да обезбеди „сигурна, авторитативна содржина за климатските разговори“ во кои учествуваат неговите корисници, вклучително и од Меѓувладиниот панел за климатски промени.

Поврзани новости