Твитер со прво предупредување за Трамп поради ширење дезинформации

by Fokus

Социјалната мрежа Твитер стави предупредување на пораката на американскиот претседател Доналд Трамп, во која тој без докази тврди дека гласачките ливчиња испратени по пошта се измама.

Првпат Твитер го санкционира Трамп поради тоа што неговите објави водат кон дезинформации. Повеќе од 80 милиони го следат Трамп на Твитер.

Трамп го обвини Твитер дека „ја задушува слободата на говорот“.

– Твитер сега се меша во претседателските избори 2020. Вели дека е некоректна мојата порака дека гласањето преку пошта ќе доведе до масовна корупција и измама. Тоа го кажа врз основа на проверка на податоците кои ги спроведува Си-Ен-Ен.Твитер во целост ја задушува слободата на говор и јас, како претседател нема да дозволам тоа да се случи, напиша Трамп на Твитер.

Портпаролот на Твитер, Трентон Кенеди изјави дека твитот на Трамп за гласањето преку пошта не ги крши правилата, бидејќи „не се обидува директно да ги одврати луѓето од гласање“ туку содржи „погрешни информации за процесот на гласање, посебно за испраќање на гласачките ливчиња“.

Трамп пред неколку месеци својот глас за локалните избори во Флорида го испрати преку пошта.

Поврзани новости