Гигантот на социјалните мрежи Твитер со променето лого од утрово, ја замени сината птица за X, како дел од поширокото ребрендирање што во неделата го најави извршниот директор Илон Маск.
„И наскоро ќе се поздравиме со брендот на Твитер и, постепено, со сите птици“, напиша Маск на својот профил во неделата. Маск во неделата ја смени и својата профилна слика со новото лого на компанијата, бел X на црна позадина и ја смени својата
Маск рече дека логото е „минималистичко арт деко“ и дека „X.com“ сега ќе води до twitter.com.
Пред да го купи Твитер за 44 милијарди долари (39,7 милијарди евра) со неуредно преземање во октомври 2022 година, Маск рече дека купувањето на компанијата е дел од забрзувањето на неговата амбиција да создаде „апликација за сè“ што тој ја нарекува „Х“.
Откако го купи Twitter, Маск ја именуваше матичната компанија X Corporation. Компанијата за развој на ракети на милијардерот, Space Exploration Technologies Corp, е попозната како SpaceX. Маск исто така го основа PayPal во 1999 година како стартап наречен X.com.
Маск рече дека твитовите сега ќе се нарекуваат „икс“, како одговор на твитот во неделата во кој се прашува како твитовите ќе се нарекуваат под „Х“.