На Твитер е објавена слика на која се гледаат претседателката на Комисијата за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ, Весна Јаневска, и поранешната пратеничка на СДСМ, Весна Бендевска како поздравуваат на синиќешниот протест пред Владата против францускиот предлог.
-Весна од ВМРО и Весна од СДСМ заедно за Македонија, против уцените од Франција, стои во објавата.
Бендевска вчера пред протестот, преку социјалните мрежи порача дека без калкулации за последиците, ќе излезе на протест како чин на нејзина лична борба против против повреда на самосвеста за националната припадност.
Таа лани во јануари, на предлог на СДСМ, беше избрана за претседателка на Комисијата за заштита од дискриминација.
Весна од ВМРО и Весна од СДСМ
…заедно ЗА 🇲🇰
… против уцените од 🇧🇬
👍✌️👏👇 pic.twitter.com/x2AlHpcdbG— AnaStevano (@StevanoAna) July 2, 2022