785
Денеска привремено беше блокиран официјалниот профил на министерот за здравство, Венко Филипче, поради „забележана необична активност од овој профил“.
„Твитер профилот на министерот за здравство д-р Венко Филипче, утрово беше ставен на рестрикција од страна на „Твитер“, од причина што ненамерно при логирање беше внесен погрешен код за верификација. Оваа активност за социјалниот медиум беше причина истиот да го ограничи профилот, се работи на надминување на проблемот“, велат од Министерство за здравство.