Твитер трајно ќе ги суспендира профилите поврзани со екстремни теории на заговор, како што е групата QAnon, што прави обвинувања за заговор во американската влада и јавноста против претседателот Доналд Трамп.
Мерките вклучуваат забрана за пристап до налози поврзани со анонимната група „Q“, позната како „QAnon“ и ќе го блокираат споделувањето на таквите содржини. Новата политика ќе опфати околу 150.000 профили ширум светот.
Твитер објави дека досега избришал повеќе од седум илјади профили како резултат на манипулации, злоставување жртви и други прекршувања на правилата на однесување на таа социјална мрежа.
Теоретичарите на заговор како „QAnon“ тврдат дека во „тајна војна“ против Трамп се истакнати личности од различни делови на општеството, од разузнавачката заедница и од политиката преку деловниот свет до индустријата за забава.
QAnon тврди, меѓу другото, дека членовите на Демократската партија биле вклучени во меѓународни криминални организации и дека нивната содржина е широко распространета на социјалните мрежи како што се Фејсбук, ТикТок, Твитер и ЈуТјуб. Фејсбук веќе ја укина мрежата на лажни профили поврзани со сметката „QAnon“, преку која се пренесуваше нивната содржина.