Телевизија „Алфа“ им се извини на премиерот Зоран Заев и вицепремиерот Кочо Анѓушев за пласирање лажна вест откако денеска Владата ја демантираше веста и побара јавно извинување од телевијата.
– ТВ Алфа им се извинува на премиерот Зоран Заев и вицепремиерот Кочо Анѓушев за пласираните лажни информации во прилогот насловен „Заев: Вината на Анѓушев не е докажана“. Изјавата на премиерот Заев е неточно и погрешно пренесена со што е објавена лажна вест со која се нанесува штета на угледот на премиерот Зоран Заев и на заменик претседателот на Владата, Кочо Анѓушев“, се наведува во објавениот демант.
Во демантот и барањето за извинување Владата денеска укажа дека изјавата на премиерот Зоран Заев е погрешно пренесена и врамена во сосема неточен контекст што значи дезинформирање на јавноста, со свесна намера да се наруши угледот на Владата на Република Македонија, премиерот Зоран Заев и на вицепремиерот задолжен за координација со економските ресори, проф. д-р Кочо Анѓушев.