1.4K
Никола Крстиќ е нов одговорен уредник на ТВ Алфа. Тој на оваа позиција доаѓа после двегодишен ангажман во Гласот на Америка. Крстиќ најавува надградба на досега сработеното.
-Гледачите судат за нашата работа. Токму затоа довербата што веќе ја имаме од нив останува наш приоритет. Уверен сум дека со подновен и подмладен тим кој во моментов се проширува ќе можеме да одговориме на сите предизвици – тој Крстиќ.
Крстиќ има 15 годишно новинарско, пред сѐ телевизиско искуство. Кариерата ја започнал во А1, а потоа ја продолжил во Канал 5 Плус, Македонската Телевизија и во Алфа. Оттаму заминал во Вашингтон каде две години работел како новинар, презентер и главен продуцент за македонската редакција на Гласот на Америка.