Три организации за човекови права ја тужеа холандската влада поради непочитување на забраната за снабдување на Израел со резервни делови за борбени авиони Ф-35.
Во пресудата во февруари, Апелациониот суд и нареди на Холандија да престане да испорачува делови за борбени авиони што ги користи Израел во неговата офанзива на Појасот Газа, бидејќи постоеше „јасен ризик“ авионите да се користат како средство за прекршување на меѓународната хуманитарното право.
Сепак, организациите за човекови права се вратија на суд тврдејќи дека забраната не била спроведена.
„За жал, сè укажува дека овие делови од Холандија пристигнуваат во Израел по други рути“, рече Оксфам Новиб (Оксфам), една од организациите вклучени во случајот.
„Холандската влада продолжува да испраќа (делови) во други земји, вклучително и Соединетите Американски Држави и тоа е спротивно на наредбата на судот“, изјави пред судот Лизбет Зегвелд, адвокатка која ги застапува организациите.
Таа објасни дека пресудата од февруари се однесува на сите делови за Ф-35 со Израел како крајна дестинација и дека холандската држава мора да ги запре сите такви пратки и дека владата мора „активно да спречи“ деловите да стигнат до Израел.
Холандскиот јавен радиодифузен сервис НОС, повикувајќи се на судски документи, објави дека холандската влада јасно ставила до знаење дека не може да спречи деловите испратени во САД да завршат во Израел.