Туск: Војната во Украина станува драматична и реално се заканува да стане глобална

by Fokus

Полскиот премиер Доналд Туск денеска на конгресот на полските учители предупреди дека војната во Украина влегува во одлучувачка фаза, чиј исход никој не го знае, но се гледа дека добива драматични размери и заканата од глобално конфликтот станува реална.

„По образование сум професор по историја. Војната на истокот влегува во одлучувачка фаза. Непознатото се приближува, никој од нас не го знае исходот од тој конфликт. Очигледно зазема многу драматични размери. Настаните од последните десетина часа покажуваат дека заканата од глобален конфликт е навистина сериозна и реална“, рече Туск.

Полскиот премиер апелираше до учителите да ги подготват своите ученици преку секојдневната работа да бидат отпорни на вакви историски настани.

„Во драматичните настани од руско-украинската војна, едно е очигледно. Безбедни, силни, отпорни нации се оние кои имаат технолошка и интелектуална предност и креативност. Украина сè уште постои првенствено затоа што украинскиот народ се покажа како креативен и многу луѓе успешно се соочија со предизвиците“, рече Туск.

Полските власти го осудија вчерашното лансирање балистичка ракета со среден дострел од страна на Русија врз цели во Украина.

Поврзани новости