Русија припрема терен да го врати на власт поранешниот украински претседател Виктор Јанукович на власт во Украина, смета претседателот на Европската народна партија и поранешен претседател на Европскиот совет.
-Само што разговарав со градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко. Мирно и сериозно, тој ми кажа за зголемениот број жртви, доближувајќи се до стотици, за експлозии и престрелки во близина на Киев и за руските специјални сили активни на многу места.
Најверојатно, Русите ги подготвуваат луѓето за прорускиот екс-претседател Јанукович да ги преземе владата и парламентот по „изборите“ организирани од Москва. Путин не само што бара признавање на анексијата на Крим, туку и целосна демилитаризација на Украина.
Некои извори велат дека неговите барања се поврзани и со Украинската православна црква и нејзината независност од Москва. Де факто она што Путин го сака е целосна капитулација на Украина, напиша Туск на Твитер.
Во главниот град Киев во ноември 2013 година почнаа протести кои траеа три месеци, а кулминираа со судири во кои животот го загубија повеќе од 100 невооружени лица и околу 20 полицајци кои го обезбедуваа собирот.
Антивладините протести во Украина доведоа до соборување на тогашниот претседател Виктор Јанукович.
Јанукович во текот на нередите побегна во Русија, а во мај 2017 година против него во Украина е покрената судска постапка во која се обвинува за предавство на земјата, односно пружање помош во нападите на Украина, со намера за промена на границите на оваа земја.