Туск и Фон дер Лајен: ЕУ мора да дејствува за борба против илегалната миграција

by Fokus

Европската унија мора да дејствува за да ги намали цените на енергијата и да ја потисне илегалната миграција, изјави денеска полскиот премиер Доналд Туск, презентирајќи ги приоритетите на Варшава за шестмесечното претседавање со блокот за време на посетата на еврокомесарот.

„Побарав од министерот за внатрешни работи и од министерот за правда да презентираат план за итен одговор на организираниот и агресивен криминал извршен од странци. Секој што ќе ја посети Полска, ќе ја искористи нашата гостопримливост и брутално го прекрши законот, ќе биде депортиран од Полска“, рече тој на заедничката прес-конференција со претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.

Тој повтори дека Полска, која прими над милион украински бегалци по руската инвазија во 2022 година, нема да прифати дополнителни мигранти според миграцискиот пакт на ЕУ.

Поврзани новости