Туск: 500 милиони Европејци молат 300 милиони Американци да ги заштитат од 140 милиони Руси

by Fokus

Полскиот премиер Доналд Туск, пред неговото пристигнување на неформалниот самит на европските лидери во Лондон, рече дека Европа мора посериозно да ја сфати сопствената одбрана и да престане да се потпира единствено на Америка.

„Тоа е парадокс, слушнете како звучи: 500 милиони Европејци бараат од 300 милиони Американци да ги заштитат од 140 милиони Руси. Ако можете да сметате – сметајте на себе!“, рече Туск.

- Advertisements -

Тој нагласи дека на Европа денес „нема имагинација и храброст“, иако има воена моќ што ги надминува руските можности.

Според информациите што ги даде:

Европа (вклучувајќи ја Украина) има 2,6 милиони војници, додека Русија има 1,1 милион.

Европа има 2.091 борбен авион, Русија 1.224

Европа има 14.400 артилериски системи, додека Русија има 5.157.

Туск истакна дека „Европа има потенцијал да биде голема сила“, но дека е крајно време да се „разбудиме и сериозно да ја сфатиме одбраната на Европа“.

Неговата порака беше јасна – целта мора да биде „мир преку сила“, а не преку „капитулација на Украина“.

Поврзани новости