Турција уапси 48 луѓе, осомничени за поврзаност со Исламска држава, која ја презеде одговорноста за нападот на католичката црква Санта Марија во Истанбул на 28 јануари, изјави денеска турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја.
Тој на платформата Х напиша дека се уапсени главно оние кои се поврзани со сторителите на нападот на црквата Санта Марија на 28 јануари, во кој загина едно лице, како и оние кои биле во контакт со конфликтните зони.
Јерликаја изјави дека акцијата за апсење ја извршиле полициските оддели на Истанбул и Анкара во координација со Генералниот директорат за разузнавање и Одделот за антитероризам.
За време на операциите, 30 осомничени за кои се верува дека се вмешани во нападот на црквата Санта Марија беа уапсени од антитерористичкиот тим на полицијата во Истанбул, додека 18 други поврзани со ИСИС беа уапсени од полицискиот оддел во Анкара, јавува Анадолија.