Турција се одалечува од ЕУ

by fokus

Советот за општи работи на ЕУ забележа дека Турција продолжува да се дистанцира од Европската унија, јави ДПА, повикувајќи се на заклучоци од состанокот на Советот.

Турција ги започна преговорите за пристапување кон ЕУ во 2005 година, но практично се замрзнати неколку години поради незадоволителниот напредок.

Советот за општи работи на ЕУ нагласува дека не може да се зборува за отворање или затворање поглавја во разговорите со Турција.

Земјите од ЕУ ја критикуваа надворешната политика на Турција, за која велат дека се повеќе се коси со приоритетите на ЕУ. Тие го наведуваат примерот на Либија, каде се тврди дека владините сили добиваат илегални испораки на оружје од Турција.

Во заклучоците на Советот за општи работи на ЕУ беа критикувани и прекршувањата на царинскиот договор меѓу Турција и ЕУ.

Поврзани новости