Турција повторно ја потресе силен земјотрес

by Fokus

Земјотрес со јачина од 4,7 степени според Рихтеровата скала ја погоди провинцијата Кахраманмарас во Турција, во 4 часот и 55 минути утрово

Епицентарот на земјотресот бил округот Гоксун, јавува Anadolu Agency.

Утврдено е дека земјотресот се случил на длабочина од 7 километри.

Кахраманмарас беше епицентарот на двата земјотреси на 6 февруари со јачина од 7,7 и 7,6 степени според Рихтеровата скала што погодија 11 турски провинции.

 

Поврзани новости