Турција почна со масовно производство на вакцина против Ковид-19

by Fokus

Турција почна со масовно производство на домашно развиената вакцина против Ковид-19 – Турковак – откако доби дозвола за итна употреба од здравствените власти.

Турскиот министер за здравство, Фахретин Коџа  изјави дека домашно развиената турска вакцина против корона вирусот, „Турковак“, е одобрена за итна употреба, јави Анадолија.

Министерот присуствуваше на пуштањето во сериско производство на инактивната турска вакцина „Турковак“ во комплексот на индустриската зона во Шанлиурфа, а на настанот преку видеоконференција се вклучи и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

„Од денеска станавме една од деветте земји што произведуваат вакцини против Ковид-19“, изјави Коџа.

„Турковак“ ќе биде во широка употреба од следната недела“, порача турскиот министер за здравство.

Уште од почетокот на развојот на вакцината, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган вети дека ќе ја направи достапна на глобално ниво, нагласувајќи дека таа ќе биде во корист на целото човештво.

„Нашата вакцина против Ковид-19, „Турковак“, која дојде во фаза на производство и употреба со добивањето на потребните одобренија, е симбол на нашите напори да ја заштитиме нашата нација од пандемијата на најефикасен начин“, рече Ердоган.

Поврзани новости