102
Авионот на израелската национална компанија Ел Ал, кој полета од Варшава, Полска, принудно слета во турскиот град Анталија, откако на еден патник му се слошило и му била потребна итна медицинска помош, јавуваат израелските медиуми.
Според извештајот, турските власти го одложиле полетувањето на авионот за Израел со тоа што одбиле да го наполнат горивото, иако се чини дека има напредок во преговорите и дека авионот наскоро ќе може да полета.
На патниците им било кажано дека се очекува да поминат неколку часа на земја во Турција, без дозвола да го напуштат авионот, објави Тајмс оф Израел.
Сите директни летови меѓу Израел и Турција се откажани откако изби војната во Газа, а во мај Анкара објави дека ќе ја запре трговијата со Тел Авив.