134
Турција ја победи Грузија вечерва со 3:1. Ова беше досега највозбудливот меч на Европското првенство.
Натпреварот беше драматичен до последната минута, додека напаѓаше грузиската презентација и се обидуваше да го изедначи резултатот во 2-2. Во последните напади дури и голманот отиде напред, но ситуација ја искористија Турците кои преку Актуркоглу во 97 минута го постигнаа третиот гол.
Првиот гол го даде Мулдур во 25 минута, а вториот Ѓулер во 65 минута. На другата страна пак Микаутадзе го постигна историскиот прв гол за Грузија на европските шампионати.