Амбасадорката на Турција во Софија, Ајлин Секизкок, го информира бугарското МВР дека нејзината земја го привела извршителот на пукањето на границата со Турција, во кое загина бугарски граничен полицаец.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, турската амбасадорка Секизкок во интервју за БНТ вели дека истрагата на турското обвинителство веќе е започната и на границата има голема екипа која работи на сите можни верзии.
Според неа, треба да се разјасни дали навистина се работи за пукање при трговија со бегалци.
Амбасадорката Секизкок вели дека за Турција односите со Бугарија на тема „Безбедност” се клучни и дека се исклучително задоволни од постигнатото како резултат на соработката меѓу двете соседни земји.
Таа додаде дека Турција прави се што е можно за да ги зајакне границите.
Секизкок не ја кажа националноста на извршителот на убиството на бугарскиот граничен полицаец.