397
Од Министерството за правда велат дека e во тек постапка за екстрадиција на 15 лица, на барање на Турција поради поврзаност со организацијата ФЕТО на Фетула Ѓулен, кој беше обвинет за неуспешниот пуч против актуелниот турски претседател Реџеп Таип Ердоган.
“Сите овие постапки се во тек и надлежните институции комуницираат”, велат од министерството за Радио Слободна Европа, од каде не го откриваат идентиетот на лицата кои се бараат, но посочуваат дека барањата не се однесуваат на македонски државјани.
Од амбасадата на Турција во Скопје, пак, изјавија дека меѓу лицата кои се бараат има раководители на образовни институции, претставници од медиуми на турски јазик и од невладини организации што работат во земјата.